Ренато Санчез сака што побрзо да биде решена неговата иднина и му поставил ултиматум на Пари Сент Жермен, пренесува „Екип“.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Португалскиот играч за врска беше на чекор од трансфер во Милан, но потоа во трката се вклучи ПСЖ.
Неговиот поранешен тренер сака да го донесе во Париз, но „светците“ не можат да постигнат договор со Лил и го одолговлекуваат трансферот.




Санчез сака што поскоро да биде решена неговата иднина и му поставил ултиматум на ПСЖ, ако не го комплетира трансферот во следните 48 часа, тој ќе ја прифати понудата на Милан.




Милан веќе има комплетен договор со Лил, а сега ја подобрил понудата за Санчез и се надева дека ќе го комплетира трансферот.
🚨 Renato Sanches will accept AC Milan's offer if no agreement is reached within 48 hours between PSG and Lille. 🇵🇹
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) July 20, 2022
(Source: @lequipe) pic.twitter.com/cKRytAzfV2