Рома денес и официјално го потврди трансферот на Пауло Дибала, кој доаѓа на „Олимпико“ како слободен агент.




Аргентинецот го напушти Јувентус како слободен играч, се веруваше дека ќе ја продолжи кариерата во Интер, но „нероаѕурите“ ги прекинаа преговорите откако го доведоа Ромалу Лукаку.
Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Рома ја искористи таквата ситуација и го убеди Аргентинецот да му се приклучи на тимот на Мурињо.




Откако успешно ги мина лекарските прегледи Дибала денес стави потпис на договор до 2025 година со „волчицата“.




Аргентинецот во Рим ќе заработува 4,5 милиони евра кои со бонуси можат да достигнат до 6 милиони евра по сезона.
La foto che stavate aspettando pic.twitter.com/lYYMEODs3m
— AS Roma (@OfficialASRoma) July 20, 2022