Откако синоќа и официјално го објавија потписот на Роберт Левандовски од Баерн Минхен, Каталонците се блиску до финализирање на уште еден трансфер.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клубот постигна начелен договор со Челзи за Цезар Аспиликуета. Се очекува Барса за искусниот дефанзивец да плати околу 5 милиони евра.




32-годишниот Шпанец е голема желба на тренерот Чави, па Барселона му ја исполни желбата, а Аспиликуета ќе потпише договор на две години.




Каталонците имаа намера да го ангажираат Аспиликуета како слободен играч, но неговиот договор со Челзи беше автоматски продолжен, па „сините“ бараат 5 милиони евра за неговата слобода.