Дома Топ вести Јувентус не запира со трансферите, следен е Заниоло

Јувентус не запира со трансферите, следен е Заниоло

Италијанските медиуми пренесуваат дека Рома и Јувентус се блиску до договор за трансфер на Николо Заниоло.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


После продажбата на Де Лихт за 80 милиони евра, Јувентус е исклучително активен и попладнево го купи дефанзивецот на Торино, Бремер за 47 милиони евра.

Сега се насочува кон Заниоло и ги интензивираше преговорите со Рома, која е спремна да го продаде доколку пристигне понуда од 50 милиони евра.

„Бјанконерите“  сакаат да ја засилат крилната позиција со млад и перспективен фудбалер, а прва желба е токму Заниоло.

Последните информации се дека двата клуба се блиску до договор за трансфер тежок 40 милиони евра плус 10 милиони во форма на бонуси.

Заниоло одбива да го продолжи договорот и веќе се договори со Јувентус, па двата клуба ги договараат последните детали.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…