Дома Топ вести Јунајтед се откажува од Де Јонг и тргнува по ѕвездата на Лестер

Јунајтед се откажува од Де Јонг и тргнува по ѕвездата на Лестер

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за плејмејкерот на Лестер и белгиски репрезентативец, Јури Тилеманс, пренесуваат медиумите на Островот.

Белгиецот влезе во последната година од договорот со Лестер и нема најави за продолжување бидејќи сака да ја промени средината.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок е доведување на врвен играч за врска, а прва желба е Френки де Јонг.

Поради потешкотиите да стигнат до потписот на Холанѓанецот, сега „црвените ѓаволи“ ќе се насочат кон Тилеманс.

24-годишниот белгиски репрезентативец ја игра четвртата сезона во Лестер и е еден од клучните фудбалери во тимот, па сака да направи чекор напред во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…