Најскапиот голман на светот, Кепа Аризабалага готово сигурно ќе го напушти Челзи ова лето.




Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
„Сините“ пред само три години за неговиот потпис платија 80 милиони евра, но Кепа не ги оправда очекувањата и после една сезона беше седнат на клупата.




Тој има статус на втор голман откако пристигна Менди, па и самиот сака да ја промени средината, а најсилен интерес за него покажува Наполи.
Наполи му нуди првотимски статус, но го сака само на позајмица, притоа бара од Челзи да плаќа дел од неговата плата.