Дома Топ вести Арсенал спреми 50 милиони за бразилски репрезентативец

Арсенал спреми 50 милиони за бразилски репрезентативец

Приоритет на Арсенал во летниот преоден рок ќе биде квалитетно засилување во средниот ред.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најголема желба на „топџиите“ е бразилскиот репрезентативец и член на Лион, Лукас Пакета, за кого силен интерес покажува и Њукасл.

24-годишниот плејмејкер игра фантастично во дресот на Лион и е стандарден бразилски репрезентативец, па сака да направи чекор напред во кариерата.

Артета верува дека Бразилецот идеално би се вклопил во неговиот стил на игра, но ќе треба да ја победат конкуренцијата, па веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Лион за неговата слобода бара 60 милиони евра, бидејќи 15% од правата на играчот се уште ги има Милан, а Арсенал е оптимист дека може да го реализира трансферот за 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…