Плејмејкерот на Јувентус, Артур Мело е примарна трансферна цел на Арсенал, пренесуваат медиумите на Островот.




Бразилециот не е во плановите на Макс Алегри и Арсенал е еден од клубовите кои се заинтересирани за неговиот потпис.




Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?
Микел Артета сака да го засили средниот ред и верува дека Артур идеално ќе се вклопи во неговиот стил на игра.




Со оглед на фактот дека другите заинтересирани клубови не можат да си ја дозволат платата на Бразилецот, во овој момент Арсенал е во пол-позиција за неговиот потпис.




Арсенал уште во јануари се обиде да го донесе Бразилецот на „Емирати“, но трансферот не се реализираше. Јувентус ќе се обиде како дел од трансферот да го добие дефанзивецот Габриел и е спремен да доплати уште 20 милиони евра.