Дома Топ вести „Бомба“ од Шпанија: Роналдо во Атлетико Мадрид

„Бомба“ од Шпанија: Роналдо во Атлетико Мадрид

Весникот „АС“ утрово лансираше вистинска „бомба“ и тврди дека Кристиано Роналдо може кариерата да ја продолжи во Атлетико Мадрид.

Шпанскиот весник тврди дека Роналдо лично го убедил Симеоне да го земе во својот тим, бидејќи е познато дека Португалецот сака да го напушти Манчестер Јунајтед.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


Роналдо се понуди на неколку европски гиганти, но наиде на затворена врата, а сака следната сезона да игра за тим кој настапува во Лигата на шампиони.

Роналдо веќе разговарал со Диего Симеоне кој не ја отфрлил можноста да го донесе во Атетико бидејќи смета дека тимот со него ќе направи скок во квалитет.

Евентуален трансфер на Роналдо во Атлетико би бил шокантен, со оглед на фактот дека е легенда на Реал Мадрид, каде играше 9 години и испиша историја со „кралскиот“ клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…