Дома Топ вести Готово: Пауло Дибала е нов фудбалер на Рома

Готово: Пауло Дибала е нов фудбалер на Рома

Сагата околку Пауло Дибала конечено заврши, откако синоќа Аргентинецот кажа ДА на понудата на Рома.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Угледниот новинар Џанлука Ди Марцио потврди дека Дибала го кажал конечното „да“ за понудата на Рома и кариерата ќе ја продолжи на „Олимпико“.

Аргентинецот го напушти Јувентус како слободен играч, се веруваше дека ќе ја продолжи кариерата во Интер, но „нероаѕурите“ ги прекинаа преговорите откако го доведоа Ромалу Лукаку.

Во последно време имаше понуди само од Рома и Наполи и по разговорот со Мурињо реши да се пресели на „Олимпико“ каде ќе биде централна фигура.

Дибала ќе добие тригодишен договор со плата од 4,5 милиони евра која со бонуси може да стигне до 6 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…