Дома Топ вести Наполи спремен да го продаде Елмас за 40 милиони

Наполи спремен да го продаде Елмас за 40 милиони

Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан е силно заинтересиран за македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и сака да го донесе на „Сан Сиро“.

Милан е во потрага по офанзивен фудбалер за врска, а тренерот Пиоли е голем симпатизер на квалитетите на Елмас.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Елиф Елмас има договор со Наполи до 2025 година, а италијанскиот клуб е спремен да го продаде ова лето но не за помалку од 40 милиони евра.

Џузепе Витоло, новинар од на „ТАГ24“ тврди дека Милан понудил 35 милиони, но Наполи бара уште 5 повеќе.

„Интересот на Малдини и Масара за Елмас е конкретен,  Наполи сериозно ја разгледува опцијата  да го продаде Македонецот. Понудата на Милан е блиска до очекувањата на  Аурелио Де Лаурентис, тоа се 40 милиони евра , значи недостасуваат уште 5, но договор е можен за Елмас“, пишува Витоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…