Пауло Дибала се уште е без клуб и конечно ќе донесе одлука за својата иднина следната недела, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Аргентинецот го напушти Јувентус како слободен играч, се веруваше дека ќе ја продолжи кариерата во Интер, но „нероаѕурите“ ги прекинаа преговорите откако го доведоа Ромалу Лукаку.
Според Џанлука Ди Марцо, во моментов само Рома и Наполи се заинтересирани за ангажман на Дибала, но и двата клуба му нудат помалку од тоа што Аргентинецот го бара.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Жозе Мурињо лично му се јавил на телефон на Пауло Дибала и го повикал да му се придружи во Рома.
„Волчицата“ му нуди 6 милиони евра по сезона, што е помалку од платата која ја заработуваше во Јувентус.