Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за плејмејкерот на Лестер и белгиски репрезентативец, Јури Тилеманс, пренесуваат медиумите на Островот.




Белгиецот влезе во последната година од договорот со Лестер и нема најави за продолжување бидејќи сака да ја промени средината.




Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог
Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок е доведување на врвен играч за врска, а прва желба е Фребки де Јонг.
Поради потешкотиите да стигнат до потписот на Холанѓанецот, сега „црвените ѓаволи“ ќе се насочат кон Тилеманс.




24-годишниот белгиски репрезентативец ја игра четвртата сезона во Лестер и е еден од клучните фудбалери во тимот, па сака да направи чекор напред во кариерата.