Дома Топ вести „Бомба“ од Островот: Арсенал тргнува по Канте

„Бомба“ од Островот: Арсенал тргнува по Канте

Арсенал размислува да испрати изненадувачка понуда за еден од најважните играчи на Челзи во последните години, Нголо Канте.

Одличниот Французин има договор со „сините“ само за уште 12 месеци и се уште нема најави за продолжување на соработката.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Тоа им дава надеж на „топџиите“ дека ќе можат да го реализираат трансферот бидејќи Артета е во потрага по квалитетен играч за врска.

31-годишниот Канте минатата сезона одигра 42 меча за Челзи во сите натпреварувања и беше еден од најважните играчи кај Тухел.

Денес Челзи објави дека Канте и Лофтус Чик ќе ја пропуштат турнејата во САД со тимот, бидејќи не се вакцинирани.

Арсенал во следните денови е спремен да испрати примамлива понуда, иако во моментов се чини дека Челзи тешко ќе прифати да се раздели со Канте.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…