Дома Топ вести Падна договор: Стерлинг е нов фудбалер на Челзи

Падна договор: Стерлинг е нов фудбалер на Челзи

Челзи и Манчестер Сити синоќа постигнаа комлетен договор за трансфер на Рахим Стерлинг, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англискиот репрезентативец ќе потпише петгодишен договор со „сините“, со можност за продолжување на соработката на уште една сезона.

Челзи за неговиот потпис ќе плати 47,5 милиони фунти, а Стерлинг во наредните денови ќе пристигне во Лондон на лекарски прегледи и да го комлетира трансферот.

Договорот на Стерлинг со Сити истекуваше следното лето, а преговорите за продолжување на соработката беа во застој, па поради тоа „граѓаните“ се согласија на негова продажба.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…