Дома Топ вести ПСЖ испрати нова понуда, Скриниар се сели во Париз

ПСЖ испрати нова понуда, Скриниар се сели во Париз

Италијанските медиуми пренесуваат дека дефанзивецот на Интер, Милан Скриниар е на чекор од трансфер во ПСЖ.

Новиот спортски директор на ПСЖ, Луис Кампос го посочи како приоритет доведувањето на Скриниар и започна преговори со Интер.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Нероаѕурите“ имаат финансиски проблеми и се спремни да продадат најмалку една своја ѕвезда, а најверојатно тоа ќе биде Скриниар.

Првата понуда од 50 милиони евра експресно беше одбиена, бидејќи Интер за слободата на дефанзивецот бара 70 милиони евра.

ПСЖ сега испрати нова понуда од 65 милиони евра и двата клуба се блиску до договор.Според информациите дефанзивецот веќе се договорил со „светците“ за петгодишна соработка и плата од 7,5 милиони евра по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вакво нешто не се памети во Македонија: РК Вардар спектакуларно го претстави новиот дрес! (Видео)

Ракометниот клуб Вардар ги одбројува последните денови до почетокот на новата сезона, а по…