Дома Топ вести Манчестер Јунајтед почна преговори со Дибала

Манчестер Јунајтед почна преговори со Дибала

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката за Пауло Дибала откако Кристиано Роналдо побара да го напушти „Олд Трафорд“.

Роналдо не сака да игра со клубот во Лига Европа, негов приоритет е Лигата на шампионите, па „црвените ѓаволи“ почнаа да бараат негова замена.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Дибала е слободен агент откако му заврши договорот со Јувентус и се уште е без клуб. Аргентинецот беше блиску до трансфер во Интер, но после доаѓањето на Лукаку, „нероаѕурите“ ги прекинаа преговорите.

Сега во трката за неговиот потпис се приклучи Манчестер Јунајтед, кој веќе стапил во контакт со агентите на Дибала.

„Црвените ѓаволи“ нема да имаат проблем да му понудат 7 милиони евра по сезона колку што бара Аргентинецот, па се очекува двете страни брзо да постигнат договор.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…