Дома Топ вести Заниоло се договори со Јувентус

Заниоло се договори со Јувентус

Јувентус ги договори личните услови со ѕвездата на Рома, Николо Заниоло, пренесуваат италијанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Бјанконерите“  сакаат да ја засилат крилната позиција со млад и перспективен фудбалер, а прва желба е токму Заниоло.

Рома е спремна да го продаде Италијанецот, но за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која Јувентус сака да ја намали така што ќе вклучи некој свој играч.

Италијанските медиуми пренесуваат дека „бјанконерите“ спремаат прва понуда од 25 милиони евра плус еден играч, Артур или Мекени.

Рома првично сакаше само кеш за својата ѕвезда, но наводно е спремна да ја прифати понудата, бидејќи Заниоло одбива да го продолжи договорот и веќе се договори со Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…