Италијанските медиуми пренесуваат дека Милан и Јувентус се силно заинтересирани за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фабиан Руиз влезе во последната година од договорот, па поради тоа Наполи е спремен да слушне понуди.
25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.




За него интерес покажуваат Арсенал и Манчестер Сити, но сега во трката се приклучија и италијанските гиганти.




Милан и Јувентус се во потрага по квалитетен играч за врска и се спремни да понудат 30 милиони евра за Шпанецот.
Сепак, Наполи преферира да ја продаде својата ѕвезда на клуб надвор од Серија А.