Дома Топ вести „Бомба“: Нејмар може да се пресели во Милано

„Бомба“: Нејмар може да се пресели во Милано

Француските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Нејмар ова лето би можел да се пресели во Милан.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Француските медиуми тврдат дека „светците“ сакаат да се ослободат од Нејмар и го понудиле на неколку европски гиганти.

Новиот спортски директор на тимот од ПСЖ, Луис Кампос, стапил во контакт со раководството на Милан и му понудил да го ангажира 30-годишниот фудбалер.

Францускиот клуб сака да го олесни платниот список и да се раздели со некои од своите скапи играчи. Медиумот тврди дека ПСЖ е спремен да го пушти Нејмар на позајмица и да ја плаќа половина од неговата плата.

Милан е заинтересиран и го сака Бразилецот на двегодишна позајмица, но само доколку ПСЖ ја плаќа половина од неговата плата која изнесува 35 милиони евра.

Бразилецот беше купен за рекордни 222 милиони евра од Барселона во 2017 година, но никогаш не успеа да ги оправда огромните средства кои беа вложени во него.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…