Како што пренесуваат италијанските медиуми Јувентус го добил конечното „ДА“ од Анхел Ди Марија.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Во претходниот период се пишуваше дека Јувентус се „оладил“ кога во прашање е Ди Марија, но сега пристигнуваат поинакви информации.




Медиумите во Италија јавуваат за позитивни контакти помеѓу двете страни во текот на денот и дека се работи на финализирање на последните детали од договорот. Наскоро се очекуваат повеќе информации и потврда за конечен договор помеѓу фудбалерот и Јувентус.




Ди Марија во Јувентус би пристигнал како слободен играч откако му заврши договорот со ПСЖ.