Италијанските медиуми лансираа вистинска „бомба“ и тврдат дека Нејмар ова лето би можел да се пресели во Јувентус.
Француските медиуми тврдат дека „светците“ сакаат да се ослободат од Нејмар и го понудиле на неколку европски гиганти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот спортски директор на тимот од ПСЖ, Луис Кампос, стапил во контакт со раководството на Јувентус и му понудил да го ангажира 30-годишниот фудбалер.
Францускиот клуб сака да го олесни платниот список и да се раздели со некои од своите скапи играчи. Медиумот тврди дека ПСЖ е спремен да го пушти Нејмар на позајмица и да ја плаќа половина од неговата плата.
Бразилецот беше купен за рекордни 222 милиони евра од Барселона во 2017 година, но никогаш не успеа да ги оправда огромните средства кои беа вложени во него.
Минатата сезона Нејмар одигра 22 натпревари за ПСЖ, на кои постигна 13 гола и запиша 6 асистенции.