Дома Топ вести Барселона ги прифати условите на Баерн, Левандовски на чекор од „Камп Ноу“

Барселона ги прифати условите на Баерн, Левандовски на чекор од „Камп Ноу“

Трансферот на Роберт Левандовски од Баерн во Барселона е пред реализација, тврди еминентниот новинар Филип Кеслер.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Каталонците се спремни да ги прифатат условите на Баерн и наскоро ќе испратат понуда тешка 50 милиони евра.

Првите две понуди на Барселона беа одбиени, бидејќи Баерн инсистира да добие 50 милиони евра за слободата на Левандовски.

Тренерот Чави имал разговор со претседателот Лапорта и сака што поскоро да се реализира трансферот на Левандовски, за напаѓачот да ги започне подготовките со клубот уште од првиот ден.

Барселона е спремна да ја плати бараната сума и според информациите од Германија, трансферот треба да се комплетира следните денови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…