Дома Топ вести Реал го претстави Рудигер: Сакам да освојам се со овој клуб!

Реал го претстави Рудигер: Сакам да освојам се со овој клуб!

Денес во Реал Мадрид официјално беше промовиран и Антонио Рудигер.

Германскиот репрезентативец потпиша договор со актуелниот европски шампион. Во Реал Рудигер пристигнува како слободен играч по истекот на договорот со Челзи откако ги одби бројните понуди на негова адреса, а ја прифати понудата на „кралевите“.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На денешната промоција ги истакна големите амбиции за освојување трофеи со Реал.

„Ова е специјален ден за мене и моите блиски. Сакам да им се заблагодарам н мите родители без чија помош не би бил денес тука. Благодарност и до претседателот на Реал Мадрид што ми даде можност да заиграм за овој клуб. Ветувам дека ќе дадам се од себе, сакам да ги освојам сите трофеи со Реал“, изјави Рудигер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн во Милан го најде наследникот на Ноер

Мајк Мењан е еден од најважните карики во Милан и се етаблираше во еден од најдобрите голм…