Дома Топ вести Јувентус тргнува по ѕвездата на Наполи

Јувентус тргнува по ѕвездата на Наполи

Јувентус е заинтересиран и спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали пренесува „Газета дело Спорт“.

„Старата дама“ бара замена за Џорџо Киелини, кој го напушта клубот ова лето после 17 години, а Кулибали е на врвот на листата желби.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Сенегалецот најверојатно ќе го напушти Наполи ова лето. Тој влегува во последната година од договорот, а претседателот на Наполи не ја исклучи можноста за негова продажба.

30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи и верува дека сега е вистинското време да направи чекор напред во кариерата, а покрај Јувентус интерес за него покажува и Барселона.

Јувентус во наредните денови ќе испрати официјална понуда, но Наполи преферира да го продаде надвор од Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…