Дома Топ вести Реал продолжува со подмладувањето на тимот: Носи нова ѕвезда од 90 милиони

Реал продолжува со подмладувањето на тимот: Носи нова ѕвезда од 90 милиони

Реал Мадрид одлучи ова лето да го подмлади тимот со оглед на фактот дека носителите на играта се на залез на кариера.

После комлетирањето на трансферот на Чуамени, сега на мета е младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Џуди Белингам.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


18-годишниот фудбалер остави одличен впечаток во својата прва сезона во Борусија Дортмунд и го привлече вниманието на многу европски гиганти, меѓу кои и Реал Мадрид.

Белингам има договор со „милионерите“ до 2025 година, но Реал Мадрид ќе се обиде да го купи ова лето и да го истави на позајмица уште една сезона во Дортмунд.

Планот е Белингам да пристигне во Реал следното лето и да биде долгорочна замена за Лука Модриќ.

Реал сака да ја победи конкуренцијата од англиските клубови и е спремен да плати 90 милиони евра за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…