Дома Фудбал Англија Што изјави Клоп во 2016 година за трансферите од 100 милиони евра?

Што изјави Клоп во 2016 година за трансферите од 100 милиони евра?

Дарвин Нуњез од Бенфика наскоро би требало да го официјализира трансферот во Ливерпул.

Според најавите во медиумите Ливерпул за Нуњез ќе плати сума од 80 милиони евра, плус 20 преку бонуси од кои ќе се очекува 22-годишниот напаѓач да ги исполни.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Во Ливерпул Нуњез најверојатно ќе биде замена за Садио Мане кој би можел да си замине. Меѓутоа по информациите за овој трансфер во медиумите се врти и изјава на Клоп од 2016 година кога Јунајтед го врати Погба од Јувентус за 105 милиони евра.

„Кога ќе платите 100 милиони евра за еден играч ако тој се повреди сите пари ќе ви пропаднат. Ако фудбалот почне да се врти околу такви суми и играчи јас ќе си заминам. Можеби другите клубови можат да трошат многу пари и така да ги купуваат најдобрите, но јас сакам да го правам тоа поинаку“, изјави Клоп.

Покрај Нуњез од кога е Клоп на клуапта Ливерпул плати и голема сум за Ван Дајк, 84 милиони евра на Саутемптон, а со оглед на она што го прикажа Холанѓанецот на „Енфилд“ таа сума се исплатеше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Голманот на Манчестер Сити осум години на натпреварите носи исти боксерки

Голманот на Манчестер Сити, Едерсон, во интервју за Би-Би-Си откри дека е суеверен на тере…