Дома Топ вести Милан се вклучи во трката за Габриел Жесус

Милан се вклучи во трката за Габриел Жесус

Англиските медиуми пренесуваат дека Милан се вклучил во трката за потписот на Габриел Жесус.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Приоритет на Милан во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен напаѓач, бидејќи Ибрахимовиќ најверојатно ќе се пензионира.

Една од желбите е Габриел Жесус, кој има договор со Манчестер Сити до 2023 година, но е спремен ова лето да ја промени средината.

Англиските медиуми пренесува дека „росонерите“ веќе стапиле во контакт со неговиот агент и почнале да работат на трансферот.

Сити за слободата на Бразилецот бара 50 милиони евра, но конкуренцијата е голема бидејќи за Габриел Жесус интерес покажуваат уште Челзи, Арсенал и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан тргнува по Габриел Жесус

Бразилскиот напаѓач Габриел Жесус активно бара нов предизвик, откако го загуби првотимскио…