Ливерпул започна преговори со Бенфика за трансфер на напаѓачот Дарвин Нуњес, пренесуваат медиумите на Островот.
Од „Луж“ знаат дека ќе биде тешко да го задржат во својот тим, но ќе сакаат да добијат максималната сума од неговата продажба.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Според „Дејли Мејл“, „црвените“ имаат предност пред Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, кои се главни конкуренти за најдобриот стрелец на „орлите“.
Нуњес се етаблираше во еден од најдобрите млади напаѓачи во светот, а засилување во нападот стана приоритет за Ливерпул после заминувањето на Ориги и барањето за трансфер на Мане.
Нуњес сака да ја продолжи кариерата на „Енфилд“, а Ливерпул веќе започнал преговори со Бенфика.
Според англиските медиуми ова ќе биде најскапиот трансфер во историјата на клубот и ќе чини 85 милиони фунти.