Динамо Загреб важи за расадник на големи таленти, а минатото лето за 12 милиони евра го продаде Ловро Мајер во Рен.
Хрватскиот плејмејкер одигра одлична сезона за Рен каде на 49 меча постигна 11 гола и запиша 13 асистенции.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Сега е веќе стандарден хрватски репрезентативец, а во татковината го доби епитетот „новиот Модриќ“.
Скаутите на Реал Мадрид веќе подолго време го следат Ловро Мајер, па „кралевите“ сакаат да го донесат во Мадрид како долгорочна замена за Модриќ.
Интерес за 24-годишниот Хрват покажуваат уште Атлетико Мадрид и ПСЖ, па се очекува голема битка за неговиот потпис ова лето.
Цената на хрватскиот плејмејкер во моментов е помеѓу 20 и 25 милиони евра, што нема да биде проблем за споменатите клубови.
🚨 Real Madrid are interested in signing Lovro Majer from Rennes this summer as they search for Luka Modrić's long-term replacement.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) June 6, 2022
Modrić himself recommended the Croatian to the board. 🇭🇷
(Source: @Santi_J_FM) pic.twitter.com/9T3KsLGySe