Дома Топ вести Гвардиола го „краде“ Де Јонг пред носот на Манчестер Јунајтед

Гвардиола го „краде“ Де Јонг пред носот на Манчестер Јунајтед

Манчестер Сити сериозно се вклучи во трката за играчот од средниот ред на Барселона, Френки де Јонг, пренесуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Барселона е во финансиски проблеми, па е спремна да го продаде 24-годишниот плејмејкер ова лето доколку пристигне понуда од 75 милиони евра.

Како фаворит за неговиот потпис важеше Манчестер Јунајтед, бидејќи Де Јонг е најголема желба на Тен Хаг.

Меѓутоа, сега Манчестер Сити се вклучи во трката и сака да го „укаре“ играчот пред носот на Јунајтед, па „граѓаните“ се спремни да и понудат трампа на Барселона.

Имено, Бернардо Силва е голема желба на Барселона, а и самиот Португалец е отворен за преселба на „Камп Ноу“, па поради тоа двата клуба можат да договорат спектакуларна трампа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…