Дома Останати Тенис Руд немаше сили за изненадување, Надал стигна до 22. гренслем титула!

Руд немаше сили за изненадување, Надал стигна до 22. гренслем титула!

Рафаел Надал издоминира во финалето против Каспер Руд и со 3:0 во сетови 6:3, 6:3 и 6:0 стигна до 22. гренслем титула во кариерата. Така сега има две повеќе од Ѓоковиќ и Федерер.

Патот на Руд до финалето во Париз беше сензационален, меѓутоа денес Надал уште на почетокот најави во каква насока ќе оди натпреварот. Шпанскиот тенисер направи брејк за 2:0, Норвежанецот намали на 1:2, а повторно Надал му го одзема сервисот и без проблеми го освои сетот со 6:3.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во вториот сет Руд прикажа нешто подобра игра и имаше водство од 3:1, сепак тој период од добра игра беше се од него на овој меч. Надал освои три гема во низа и повторно го доби сетот со 6:3. Третиот сет беше само потврда на Надал за добриот настап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ ги дозна можните противници за турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ дозна кој ќе му стои на патот до титулата на Мастерсот во Рим, а српскиот те…