Дома Топ вести Де Јонг: Сакам да останам во Барса, но отворен сум за трансфер

Де Јонг: Сакам да останам во Барса, но отворен сум за трансфер

Френки де Јонг не ја исклучува можноста да направи трансфер ова лето, иако преферира да остане во Барселона.

Поради финансиските проблеми на „Ноу Камп“ размислуваат да го продадат Холанѓанецот, а најсилен интерес за него покажува Манчестер Јунајтед.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


„Преферирам да останам во Барса, бидејќи ова е клубот од моите соништа уште од детството. Никогаш не зажалив што дојдов овде. Но, ако се јави некој клуб, ќе го кренам телефонот. Секогаш сум го правел тоа“, изјави Де Јонг.

Каталонците за него платија 75 милиони евра и се надеваат дека ќе земат слична сума сега.

„Во моментов нема договор со други клубови, нема ни контакти. Манчестер Јунајтед? Да имаше нешто конкретно, веројатно ќе ми кажеа од раководството. Се чувствувам добро во Барселона и не сакам да зборувам за шпекулации. Свесен сум дека ова ќе и помогне на Барса во мојата продажба, но како што веќе реков, Манчестер Јунајтед нема доставено понуда“, додаде Холанѓанецот, кој не сакаше да коментира дали се слушнал со Тен Хаг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…