Монако се обидува да добие повеќе од првично бараната сума од Реал Мадрид за Орелијан Чуамени, тврди „Радио Монте Карло“.
Клубот од „кнежевството“ на почетокот бараше 80 милиони евра, сума која беше прифатена од „кралевите“. Сепак, се испостави дека во последните часови „црвено-белите“ побарале уште повеќе пари кои клубот сака да ги добие преку бонуси.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Од „Бернабеу“ ова го сметаат како уцена, бидејќи силен интерес за Чуамени покажува и ПСЖ, кој нема проблем да плати и 100 милиони евра.
Сепак, самиот Чуамени сака да се пресели во Реал и дури постигна комплетен договор со „кралевите“ за 5-годишна соработка.
22-годишниот играч за врска во последната сезона запиша 35 натпревари и 3 гола во Лига 1, а веќе има 8 настапи за француската репрезентација.
🚨🥇| Monaco want between €80-100m for Tchouameni. @Santi_J_FM & @FabriceHawkins
— Madrid Xtra (@MadridXtra) May 26, 2022