Јувентус е заинтересиран и спрема понуда за дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали пренесува „Тутоспорт“.




„Старата дама“ бара замена за Џорџо Киелини, кој го напушта клубот ова лето после 17 години.
До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
Кулибали е на врвот на листата желби на Јувентус, а Сенегалецот најверојатно ќе го напушти Наполи ова лето.




Тој влегува во последната година од договорот, а претседателот на Наполи не ја исклучи можноста за негова продажба.




30-годишниот Кулибали сака да го напушти Наполи и верува дека сега е вистинското време да направи чекор напред во кариерата, а покрај Јувентус интерес за него покажува и Барселона.