Милан е силно заинтересиран за ѕвездата на Клуб Бриж и белгиски репрезентативец, Чарлс Де Кетелар.
21-годишниот Де Кетелар важи за еден од најголемите европски таленти, оваа сезона блесна во дресот на Клуб Бриж.
Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓
Белгиецот постигна 18 гола и 10 асистенции и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Милан сака да ја победи конкуренцијата и веќе започнал преговори со Бриж, кој за неговата слобода бара 30 милиони евра.
„Росонерите“ првично понудиле 25 милиони евра, па се очекува во наредните денови преку преговори да ја надминат разликата.
Де Кетелар веќе го доби епитетот „новиот Де Брујн“ и сигурно ќе биде големо засилување за Милан.