Дома Фудбал Англија Само со овие резултати може да се игра мајсторка за титулата во Премиер лигата

Само со овие резултати може да се игра мајсторка за титулата во Премиер лигата

Манчестер Сити и Ливерпул во последните години создадоа едно фантастично ривалство, а токму помеѓу нив ќе се решава шампионот на Англија во последното коло од Премиер лигата.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Јирген Клоп и Пеп Гвардиола се творци на два одлични тимови кои во овој момент без дилеми се најдобрите во Англија. Пред последниот натпревар во сезоната Манчестер Сити има 90 бодови, а Ливерпул 89. Гол разликата на „граѓаните“ е 95:24, додека Ливерпул е со гол разлика 91:25.

Двата меѓусебни дуели сезонава завршија без победник со ист резултат (2:2). Така јасно е дека ќе одлучува гол разликата во случај на исто бодови. Иако изгледа нереално, но сепак постои една ситуација во која двете екипи би решавале за титулата со мајсторка.

За да дојде до таков натпревар потребно е во последното коло Сити да изгуби 1:6 од Астон Вила, а Ливерпул да одигра 5:5 против Вулверхемптон. Последното коло во Премиер лигата се игра во недела од 17:00 часот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Роналдо? Ништо посебно, немавме посебен план за да го запреме…“

Португалската репрезентација одигра само 1-1 против Конго во својот прв натпревар на Мунди…