Фудбалскиот свет и понатаму ја чека одлуката на Килијан Мбапе за тоа каде ќе ја продолжи неговата кариера.
Договорот со ПСЖ му истекува на крајот од сезоната, а најсериозен кандидат да го доведе е Реал Мадрид. Напаѓачот за викендот кога му беше доделена наградата за најдобар играч во сезоната во Лига 1 соопшти дека, скоро и да ја има донесено одлуката, но ќе ја објави по завршувањето на сезоната.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Прашање за Мбапе доби и тренерот на Ливерпул Јирген Клоп, кој е со задоволство би го видел Мбапе во својот тим, но е свесен дека тој би бил прескапа аквизиција за Ливерпул. И во ситуација кога Мбапе заминува бесплатно, Клоп смета дека неговиот тим не може да ги исполни финансиските барања на напаѓачот.
„Секако дека сме заинтересирани за доведување на Килијан Мбапе, не сме слепи“, изјави Клоп и додаде:
„Немам што повеќе да кажам на таа тема. На оној кој не му се допаѓа фудбалот на Мбапе треба да се запраша што не е во ред со него самиот. Но, нема шанси да го доведеме, не можеме да се бориме со конкуренцијата“, порача германскиот стратег.