Откако се реши иднината на Ерлинг Халанд кој прави трансфер во Манчестер Сити едно од главните прашања во фудбалскиот свет е иднината на Килијан Мбапе.
Мбапе вчера беше прогласен за фудбалер на годината во Лига 1 што е сосема заслужено со оглед на учинокот од 31 гол и 20 асистенции сезонава во дресот на клубот од Париз. По добивањето на признанието Французинот откри дека ја донел одлуката за неговата иднина, но се уште не може да ја објави.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Одлуката ја донесов, но се уште не можам да ви ја соопштам. Сега не е вистинскиот момент, ќе ја дознаете многу скоро“, изјави Мбапе.
Во француските медиуми се пишуваше дека ПСЖ му нуди договор вреден 150 милиони евра за две сезони, додека Реал не му нуди такви финансии, но Мбапе има желба да заигра за „кралевите“. Мбапе додаде дека одлуката ќе ја соопшти пред подготовките со францијата за натпреварите од Лигата на Нации во јуни.
„Својата одлука официјално ќе ја објавам пред да заминам на кампот на француската репрезентација. Прашање на денвои е, тогаш ќе биде и официјално“, истакна францускиот фудбалер.