Дома Фудбал Англија Каталонците го изиграа: Кутињо извисен, останува без план „Б“

Каталонците го изиграа: Кутињо извисен, останува без план „Б“

Ситуацијата околу Барселона станува се покомплицирана.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Последната понуда на Каталонците е одбиена, но Кутињо не сака да игра за Ливерпул и како што се наведува бара гаранција вод Барселона дека ќе направи се за да го донесе на „Камп Ноу“.

Тој е исполашен бидејќи Каталонците го завршуваат трансферот на Сери од Ница, но шпанските медиуми тврдат дека тоа нема врска со Кутињо.

Сепак, Барселона, како што тврди „Мундо Депортиво“ полека се откажува од Бразилецот. Имено, нивни приоритет е Дембеле, иако Кутињо го уверуваат во спротивното, а Меси од клубот побара да го донесат Ди Мариа.

Така, Кутињо практично останува без план „Б“, ако Барселона не се договори со Ливерпул, тој одбива да игра иако клубот тврди дека е повреден, а се зборува и дека не се најдобри односите помеѓу него и Клоп.

Сепак, сите тие работи со време ќе легнат, особеноп што Кутињо несомнено му е потребен на Ливерпул и на крајот, ако нема договор очигледно ќе се врати на натпреварувачкиот погон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Офанзивната моќ на Англија ја совлада Хрватска, Кејн и Белингам ги инспирираа „трите лава“

Англија ја победи Хрватска со 4:2 во првото големо европско дерби на Светското првенство 2…