Барселона ќе се обиде на лето да го донесе дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде во своите редови, пренесува „АС“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот Чави сака да ја засили одбраната со врвен дефанзивец кој ќе биде долгорочен наследник на Жерар Пике, пренесува шпанскиот весник.
35-годишниот Пике оваа сезона често го мачат повреди, а и самиот најави дека размислува за крај на кариерата.
Поради тиа главните финансиски средства во летниот преоден рок Барселона може да ги насочи толку кон Жил Кунде.
Севиља не сака да го пушти дефанзивецот за сума помала од 60 милиони евра, а интерес за Французинот покажува уште и Челзи.