Дома Топ вести Јунајтед преговара за младата ѕвезда на Спортинг Лисабон

Јунајтед преговара за младата ѕвезда на Спортинг Лисабон

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Спортинг Лисабон Гонзало Инасио.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


20-годишниот дефанзивец одигра одлична сезона за португалскиот гигант и тоа го привлече вниманието на „црвените ѓаволи“ кои сакаат да го однесат на „Олд Трафорд“.

Новиот менаџер, Ерик тен Хаг го одобрил трансферот и шефовите веќе започнале преговори за негово привлекување, тврди „А Бола“.

Инасио има откупна клаузула во договорот вредна 45 милиони евра. Сепак, Јунајтед не сака да го плати одеднаш, туку ќе се обиде да постигне договор за трансфер на сумата на неколку рати.

Инасио е дете на Спортинг, а од 2020 година е во првиот тим на клубот од Лисабон, а важи за еден од најголемите таленти во Португалија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…