Maнаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп се изнасмеа откако новинарите му ја прочитаа изјавата на Пеп Гвардиола после натпреварот против Њукасл.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Шпанскиот менаџер ги обвини медиумите, но и цела Англија дека е против Манчестер Сити и дека сите навиваат Ливерпул да ја освои титулата.




„Сите во оваа држава навиваат за Ливерпул. Новинари, медиуми…сите. Тоа е затоа што Ливерпул има голема историја во европските натпреварување. Во Премиер лигата немаат затоа што освоија само една титула во последните 30 години. Не ми е гајле што луѓето сакаат Ливерпул да биде шампион, судбината е во наши раце“, порача Гвардиола.




На оваа изјава на Гвардиола Клоп се изнасмеа и порача:




„Немам поим дека цела држава е за нас. Мене не ми изгледа така. Можеби тој знае повеќе од мене. Очигледно е дека тешко го поднел испаѓањето од Лигата на шампионите…“.




Манчестер Сити на три кола до крајот има три бода повеќе од Ливерпул и ќе игра против Вулверхемптон, Вест Хем и Астон Вила.
Klopp's reaction to Guardiola's comments 😅 pic.twitter.com/vwjlvbvllw
— ESPN FC (@ESPNFC) May 9, 2022