Како што пренесува „Ла Паризиен“ можен е пресврт во случајот со Килијан Мбапе.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Соработката на Мбапе и ПСЖ истекува на 30. јуни и веќе многумина го гледаат како играч на Реал Мадрид, меѓутоа на крајот Французинот би можел да остане во Париз. Последните најави од престолнината на Франција се дека Мбапе ќе потпише нов договор со ПСЖ на две години кој ќе вреди огромни 200 милиони евра.




Наводно, тој ќе добие плата од 50 милиони евра по сезона и плус 100 милиони евра бонус за потпис на договорот. Во договорот би постоела и клазула за продолжување на трета сезона.