Дома Трансфер зона „Му кажав на Мбапе – ќе жалиш до крајот на животот ако не одиш во Реал“

„Му кажав на Мбапе – ќе жалиш до крајот на животот ако не одиш во Реал“

Францускиот фудбалер Килијан Мбапе сигурно ќе биде една од ѕвездите на летниот преоден рок.

На напаѓачот на ПСЖ за два месеци му истекува договорот со францускиот шампион, а се уште не се знае дали ќе потпише нов договор. Засега за најсериозен кандидат за неговиот потпис е Реал Мадрид, за многумина овој трансфер е и завршена работа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Ситуацијата со Мбапе сега ја коментираше легендарниот француски фудбалер Жан-Пјер Папен. Тој откри дека разговарал со Мбапе.

„Разговаравме и набрзина му кажав – ако не отидеш во Реал ќе жалиш до крајот на животот, мораш да одиш таму. Никогаш немој да одиш против твоите соништа, мораш да ги следиш. Ако сака да оди во Реал Мадрид, време е да оди“, изјави освојувачот на „Златна топка“ од 1991 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се откажал од Дејвис – има ново решение!

Алфонсо Дејвис долго време се најавува како засилување на Реал Мадрид, меѓутоа тој трансфе…