Дома Топ вести Реал спреми 70 милиони за ѕвездата на Челзи

Реал спреми 70 милиони за ѕвездата на Челзи

Реал Мадрид е силно заинтересиран во своите редови да го доведе дефанзивецот на Челзи, Рис Џејмс.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во шпанскиот гигант го гледаат 22-годишниот Џејмс како долгорочно решение за десната бековска позиција и сакаат да го доведат на лето.

Џејмс ги помина сите младински категории на Челзи, каде е од 2006 година и моментално е стандарден во првиот тим на „сините“.

Особено блеска оваа сезона каде директно учествуваше во 16 погодоци за Челзи, па се етаблираше во еден од најдобрите десни бекови во Премиер лигата.

Реал Мадрид спреми понуда од 70 милиони евра и се надева дека со таа сума ќе го убеди Челзи да го пушти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…