Барселона покажува силен интерес за напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жесус кој на лето би можел да ја промени средината.
Одличниот Бразилец има договор со „граѓаните“ до лето 2023 година, но бидејќи нема најави за продолжување Сити е спремен да го продаде.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ситуацијата внимателно ја следи Барселоја, која е спремна да понуди 30 милиони евра за неговиот потпис.
Жесус е напаѓач кој одлично се вклопува во стилот на игра на Чави, а Барселона ќе го финансира трансферот со продажба на Депај.
Оваа сезона Жесус има 32 настапи за Манчестер Сити на кои постигна 7 гола и 10 асистенции, а „граѓаните“ за неговата слобода бараат 40 милиони евра.
🚨 Barcelona are considering a €30m move for Manchester City striker Gabriel Jesus during the summer window.
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) April 20, 2022
(Source: MEN) pic.twitter.com/URHcltr59C