Дома Фудбал Англија Клоп: Не е нормално тоа што на Јунајтед му дадовме девет голови

Клоп: Не е нормално тоа што на Јунајтед му дадовме девет голови

Ливерпул вчера забележа уште една убедлива против Манчестер Јунајтед и тоа од 4:0, а во претходниот дуел оваа сезона „црвените“ славеа со 5:0.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Изрбаниците на Клоп повторно не примија гол од големите ривали, воодушевување од дуелите со Јунајтед оваа сезона искажа и германскиот стратег.

„Не се случува толку често и нема да се случува често в индина. Таа ситуација не е нормално. Тие не се во добар момент, имаат и повреди. Кога Погба излезе играа со необичен состав во средниот ред. Теренот може да биде баш голем кога имаш така ориентирани напаѓачки играчи. Позицијата во средина на срединиот ред не е природна за Матиќ и Бруно“, изјави Клоп.

Клоп посебни поофалби од своите фудбалери испрати до Тијаго Алкантара.

„Овој тим убаво се прилагодува на промени. Одличен фудбал игравме, покажавме желба од првата секунда. Првиот гол беше чиста желба. Вториот гол исто така беше одличен. Можевме да дадеме и уште некој гол, добар натпревар за сите оние на кои Ливерпул им е во срцето“, истакна германскиот стратег.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Роналдо се јави по критиките и очајниот настап против Конго (Видео)

Португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо, по ремито со Демократска Република Конго, изјав…