Лука Модриќ и понатаму прикажува фантастични настапи во дресот на Реал Мадрид, а фудбалскиот свет посебно го воодушеви со асистенцијата за Родриго во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Челзи.
Во јавноста се појавија шпекулации за негово можно заминување од Мадрид, се споменуваше Јувентус како можна дестинација. Сега на оваа тема зборуваше стратегот на „кралевите“ Карло Анчелоти.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Анчелоти порача дека Модриќ нема да замине никаде и кариерата ќе ја заврши во Реал Мадрид.
„Модриќ ќе ја заврши кариерата во Реал. Не знам кога ќе се случи тоа, но така ќе биде. Таква е идејата и на клубот и на Лука“, изјави Анчелоти.