Дома Фудбал Англија „Роналдо мисли дека е Господ, па може да прави што сака“

„Роналдо мисли дека е Господ, па може да прави што сака“

Кристијано Роналдо го навлече гневот на јавноста со неговиот потег после натпреварот против Евертон кога дете удри дете со аутизам и му го скрши телефонот.

Роналдо очигледно беше премногу фрустриран од поразот на Јунајтед (1:0), но тоа сигурно дека не може да биде оправдување за таквото однесување. Роандло се извини поради постапката и се понуди детето и неговото семејство да бидат негови гости во еден натпревар на „Олд Трафорд“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Однесувањето на Роналдо го осуди и поранешниот фудбалер на Ливерпул Хозе Енрике.

„Секогаш зборував дека не ми се допаѓа како личност. Мисли дека е Господ и дека може да прави што сака. Такви работи не смееш да правиш. Можеби е еден од најдобрите на сите времиња, но воопшто не го сакам, а сега сите видовте зошто“, изјави екс играчот на „црвените“.

После инцидентот полицијата објави дека отворила истрага во која ќе ги користи видеозаписите кои Евертон ќе им ги стави на располагање.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

За ПСЖ вечерва може да настапи фудбалерот кој е надвор од терените 638 дена

Пари Сен Жермен вечерва го игра дербито против Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а за …